Димитријевиќ: Лозово четири години е оставено на милост и немилост, општина што тоне во очај и безидејност поради неспособноста на ДПМНЕ

Генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ денес беше во Лозово, каде имаше средба со граѓаните, заедно со кандидатот за градоначалник Ацо Велковски од редовите на СДСМ.

-Лозово четири години е оставено на милост и немилост – општина што тоне во очај и безидејност поради неспособноста на ДПМНЕ. Но, Лозово не заслужува вака! Лозово заслужува домаќин, работник и борец за интересите на граѓаните.

Затоа Ацо повторно е нашиот избор! Човек кој веќе покажа што значи да се биде вистински градоначалник – со чесна работа и многу реализирани проекти: нова градинка, спортска сала, патот Милино – Каратманово, водовод и канализација, осум нови улици, мултикултурен центар.

Само овие инвестиции вредат 4 милиони евра, а тука се и новите инвестиции во фабриката за сочна храна и биогасната централа. Кога Лозово беше со СДСМ, се градеше и се развиваше. Денес со ДПМНЕ – се распаѓа и тапка во место.

Време е за пресврт! Време е Лозово повторно да се изгради, да заживее, да блесне! Да му дадеме поддршка на Ацо и заедно да ја продолжиме градежната офанзива!, напиша Димитријевиќ.