Драма кај Владичин Хан: Возач изгубил контрола, „Фиат Пунто“ се превртел

0
1

Сообраќајна несреќа се случила утринава на стариот автопат кај Владичин Хан, во близина на фудбалскиот стадион, откако на возачот на автомобил му се слошило додека управувал со возилото.

Според информациите од очевидци, 70-годишен маж, кој управувал со „Фиат Пунто“, изгубил контрола над автомобилот поради здравствени проблеми, по што возилото се превртело на коловозот.

Случајни минувачи веднаш притрчале на помош, го вратиле автомобилот на тркалата и му помогнале на возачот до пристигнувањето на екипа на Итната медицинска помош.

Медицинскиот тим му укажал прва помош на местото на несреќата, а засега нема информации за сериозноста на неговата здравствена состојба или за евентуални дополнителни повреди.