Пејачката и поранешна победничка на „Ѕвезда Гранд“, Џејла Рамовиќ, неодамна беше приведена во Македонија како дел од акциска контрола во Кичево, заедно со нејзиниот бенд, откако полицијата откри дека настапуваат без соодветни работни дозволи.
Иако по овој немил настан таа најави дека ќе дојде во Македонија повторно и тоа наското, сепак го откажа настапот по немилиот настан, а во таа прилика објави на својот Инстаграм профил и ги откри деталите.
– Драги мои, вечерва требаше да настапам во Скопје и искрено се радував на нашето друштво. За жал, и покрај големите напори на организаторите да ги обезбедат сите документи на време за да можеме јас и мојот бенд да ја завршиме нашата работа непречено, овој пат тоа не се случи.
Сакам да нагласам дека безбедноста на публиката, мојот тим и мене ми е прв приоритет, па за да избегнеме какви било непријатности, решивме да го одложиме настапот додека не се решат административните работи. Ви благодарам за разбирањето, трпението и поддршката. Подготвена сум и едвај чекам да ве видам штом ќе се создадат сите услови за убав и безгрижен концерт каков што отсекогаш сум имал во Македонија. Ве прегрнувам многу – напиша пејачката на својот Инстаграм профил.