(ФОТО) Се излеа една од најголемите реки во Македонија и направи хаос: Пожарникарите спасуваат заглавени лица

0
356

Центарот за управување со кризи само што се огласи со соопштение до јавноста во кое се вели:

-РЦУК – Куманово известува дека од ЕЛС Старо Нагоричане е добиена информација дека на подрачјето на с. Пелинце, во близина на Меморијалниот центар АСНОМ, како и на локацијата кај бања Стрновац, реката Пчиња се има излеано од своето речно корито за околу 20 сантиметри.

Во моментот, излевањето не зафаќа куќи или викендици. Дополнително, кај Коински мост е забележано насобирање на поголема количина дрвја, кое го отежнува нормалниот проток на реката Пчиња.

За состојбата е навремено известено Водостопанство Куманово, кое ќе постапи согласно своите надлежности.

Со реакција се јавија и од ТППЕ Старо Нагоричане од каде што велат.

На ден 19.11.2025година во 07:35часот по повик од 112 дека има заглавени две лица до бањата во с.Стрновац Општина Старо Нагоричане,поради излевање на реката Пчиња,ТППЕ Старо Нагоричане интервенираше со едно возило и двајца пожарникари.

Апелираме до граѓаните на Општина Старо Нагоричане да избегнуваат движења и секакви активности по течението на река Пчиња во Општина Старо Нагоричане,доколку се здогледа лице во опасност од временските услови јавете се на телефонските броеви: 031 495 666 или на 112 и 193

Повеќе фотки од акцијата за спасување може да видете тука.