Голем верижен судир на скопската обиколница вечерва

Сообраќајна несреќа во која учествувале повеќе возила се случила вечерва на скопската обиколница, на делот меѓу Волково и Стенковец.

Очевидци пренесуваат дека сообраќајот во овој дел се одвива отежнато, а на терен присутни полициски службеници го регулираат движењето. Поради слабата осветленост на тој дел од обиколницата, возачите се повикуваат на зголемена претпазливост.

Засега нема информации за евентуални повредени во верижниот судир.