Јанко Јади Бурек заврши во болница, па се огласи – откри низ што поминал и за што станува збор

0
167

Јанко Илкоски, попознат како Јанко Јади бурек се огласи на социјалните мрежи каде сподели:

Без грижа ок сум, нема потреба од пораки и потпрашања. Нормален процес во мои години. Годините си носат искушенија од кои и јас не сум лишен.

Со месеци наназад по лаборатории, прегледи, чекања, и тестови и тестови коечно на магнетна. Благодарност до др Тони Крстев кој успеа да ме издржи и несебичпно поддржи да го во целиов процес, и уште не чека работа, многу работа и без него одмна ќе се откажев. Благодарнсот и до Др Драган Даниловски кој е со мене цело време на негово инсистирање и многу ми значи неговата поддршка, како кон роден брат.

Почит кон сите во Болницата 8 септември каде и покрај целото наше дерогирано здравство имаа доволно човечност да помогнат и укажат и да бидат на висина на задачата – професионални.

Најмногу ме фасцинираше што пред магнетна немаше никаква гужва, чекање на пациенти, прво бев зачуден а после разбрав дека состемот на закажување добро работи и затоа е така, но секако и пациентите кои ги видов со нова дисциплина несвојствена за овие простори. Да има мани, не треба да ги потенцираме, секој ден тоа го правиме и треба, еве еден ден во една долга борба која ме чека а помина зачудувачки лесно, добро и без стрес. Ништо не е завршено, допрва следува но храбро!

Интересно и за пофалба, во болницата, горните катови се гради толку многу, во смисла реновирање што искреносе надевам дека има надеж за нас. Му благодарам на мојот Отец и духовник владиката Наум, кој секогаш беше и е со мене и ќе биде до крајот.
моите молитви

Ти благодарам Господи за оваа борба каков што сум,заслужувам многу полошо. Господи Исусе Христе помилуј ме мене грешниот.
Гледате ли колку многу Господ ме сака?Се што доживувам, лошо или најлошо, добро и најдобро, го примам како најискрена негова љубов кон мене, недостојниот.