Крајно неоечекуван потег на Аца Лукас и неговиот менаџер – ова ќе биде бум во Македонија

0
167

Ниту денес не стивнуваат реакциите по настаното кој се случи на настапот на српската фолк-ѕвезда Аца Лукас во Кавадарци

Имено откако настанот на Аца Лукас му беше прекинат и беше приведен од страна на полицијата, а потоа му беше изречена казна од судот за немање дозвола за работа, денес се огласи и премиерот на Македонија, Христијан Мицковски.

Во текот на денот се огласи и менаџерот на Аца Лукас, Саша Мирковиќ, заедно со пејачот, а открија и детали во врска со најавениот концерт на Лукас за 20 декември, кој треба да се одржи во салата Јане Сандански.

Во најновото видео менаџерот на пејачот откри дека најавениот концерт ќе биде од хуманитарен карактер за семејствата на настраданите во Кочани.

Покрај Лукас, на концертот ќе настапат и Мирослав Илиќ и Мира Шкориќ, и сите собрани средства од продадените влезници, односно комплетниот приход ќе биде наменет за добротворни цели.