Маж од Гостивар почина во тешка сообраќајка, излетал од патот со „опел“

0
6

59-годишен маж од Гостивар загина во тешка сообраќајна несреќа што се случила синоќа во гостиварското село Долна Бањица.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата била пријавена во ОВР Гостивар околу 22:55 часот. Возачот И.М. управувал со патничко возило „опел“ со гостиварски регистарски ознаки, но во еден момент изгубил контрола над возилото.

Автомобилот излетал од коловозот и удрил во бетонски ѕид, при што возачот се здобил со тешки повреди.

Дежурен лекар констатирал смрт на местото на несреќата во 23 часот. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција.

Полицијата извршила увид на местото на несреќата, а причините за излетувањето на возилото дополнително ќе се утврдуваат.