Минералната вода може да има различни ефекти врз организмот, но експертите посочуваат дека во основа е безбедна за забите, особено доколку не содржи додадени шеќери и адитиви.
Кога станува збор за варењето, нејзиното дејство не е исто кај сите. Кај одредени лица може да предизвика надуеност, особено кај оние со синдром на иритабилни црева, додека кај други создава чувство на ситост. Според диететичарката Кирстен Џексон, газираната вода нема познато влијание врз работата на тироидната жлезда.
Нутриционистите генерално се согласуваат дека минералната вода е поздрава алтернатива на засладените пијалоци. Сепак, препорачливо е да се избираат варијанти без додаден шеќер, бидејќи ароматизираните производи често содржат засладувачи кои не им одговараат на сите.
Преминот од газирани сокови кон минерална вода може значително да го намали внесот на шеќер, а како најздрава опција се препорачува додавање свежо овошје за природен вкус.
Иако е безбедна за повеќето луѓе, минералната вода не е идеална за сите. Лицата со изразена надуеност, рефлукс или чувствително варење треба да бидат внимателни. Најважно е да се следи како организмот реагира и да се направи избор според индивидуалните потреби.