Потпретседателот на Демократската партија во Србија Миодраг Гавриловиќ, изјави дека шеснаесетгодишното момче кое полицијата го тепаше на протест во Ваљево е во многу сериозна состојба и дека бубрезите му откажале.
„Невидено полициско насилство е регистрирано овие денови во Ваљево. Момчето А.Р. кое беше брутално претепано во Ваљево е родено во 2009 година, има само 16 години и е во многу сериозна состојба бидејќи бубрезите му откажале. Тој беше префрлен во Белград во приватна болница, тој е во исклучително сериозна состојба, бубрезите му откажале“, напиша Гавриловиќ.
Ги повика сите граѓани да бидат обединети.
Два вечери по ред има насилни антивладини протести во Србија.
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека изборите ќе бидат организирани пред законскиот и уставниот рок.
Вели дека државата не е играчка, државата се води за да има економски раст и граѓаните да живеат подобро.