Недела навечер во 19:00 започна 129 седница на Државната изборна комисија на која се најде и правилникот за собирање на потписи за учество на независните на локалните избори.
Членот на комисијата Александар Даштевски предложи да се донесе Правилник за регулирање на постапката за собирање потписи за поднесување на кандидатски листи поднесени од група избирачи и начинот на определување на нотарите, со кој независните кандидати за градоначалници или листа на советници да бидат потпишани од најмалку два избирачи.
Претседателоте на комисијата Борис Кондарко потсети на она што беше кажано во изминатиот период, како и за тоа дека Собранието не успеа да го измени Изборниот законик во делот на собирањето потписи.
„Иако од формално-правен, право-процедурален карактер и од наведените причини не се согласувам, имам поинакво мислење, ќе гласам јас и колегата Оливер Ристовски „за“ и ќе го поддржам овој Правилник бидејќи сметам дека тоа е во интерес на изборниот процес и непречено течење на сите дејствија од изборниот процес. Изборите се распишани, изборните дејствија се во тек и ДИК нема право и нема можност да ги одложи или да ги сопре изборните дејствија. Односно, поради состојбата во која не по своја вина се најде Државната изборна комисија, во два наврати не успеа Собранието што беше негова надлежност да го регулира ова прашање за бројот на потребни потписи за предлагање на кандидатска листа, ДИК е доведена во ситуација да ги применува одредните од Законот онакви какви што се, а во интерес на успешно организирање на изборниот процес. Суштински без собирање правото е неспорно, сметам дека тоа треба да биде без собирање потписи, со Правилникот се предлага најмалку два потписи од два избирачи, во суштина тоа не менува ништо, сепак ќе гласам за овој правилник“ рече Кондарко.
Со 6 гласа „за“ и 1 против беше изгласан правилникот.