Не им доаѓа памет – одново застрелано дете од залутан куршум: Десетгодишно девојче од Скопје заврши во болница

По трагедијата на дочекот на Нова година каде беше погодено дете од залутан куршум во Скопје, се случи уште еден инцент.

Од Министерството за внатрешни работи за овој настан велат:

На 31.01.2026 околу 16:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека во двор од куќа во с.Глумово, скопско, од заталкано зрно било повредено 10-годишно девојче, во пределот на ногата, по што било пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде од страна на лекар констатирани му биле тешки телесни повреди.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.