Од 1 јануари 2026 година, Европската Унија воведува строги правила за продажба на половни автомобили, а последиците директно ќе влијаат на Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Македонија, бидејќи најголемиот број половни возила се увезуваат од ЕУ на нашиот пазар.
Според новите прописи, секое половно возило мора да има доказ дека не е ѓубре, односно отпадн возила, во спротивно нема да може да се продава, прешише или извезува. Без тој документ – автомобилот практично ја губи својата вредност на пазарот.
Иако правилата формално важат за ЕУ, трговците предупредуваат дека увозот на половни автомобили во регионот ќе биде поскап, побавен и покомплициран, бидејќи возилата без потребната документација ќе останат „заробени“ во земјите на потекло.
За да може автомобилот да се продаде или извезе, ќе биде потребен еден од двата докази:
Важечки технички преглед со кој се потврдува дека возилото е исправно или проценка на состојбата на возилото од страна на овластен судски експерт
Ова особено ги погодува малите трговци, увозниците и купувачите кои бараат „поевтин автомобил од ЕУ“.
За граѓаните на Македонија и регионот, промените нема да бидат безопасни: Цените на половни автомобили може да се зголемат, бидејќи дополнителната документација значи дополнителни трошоци
Помала понуда на евтини возила, особено постари дизели. Поголем ризик од купување ако автомобилот се нуди без комплетни документи
