Откриено колку луѓе на дневно ниво се грижеле за безбедноста на Никола Груевски – екс телохранителот на премиерот проговори и шокираше со бројката

0
238

Некогашниот премиер Никола Груевски и понатаму е актуелна тема во медиумите од различни аспекти.

Неговиот поранешен шеф на обезбедување, Тоше Зафиров гостуваше во утринската програма на Сител ТВ каде говореше на темата ВИП обезбедување.

На прашање колку луѓе минимално биле потребни да се обезбедува премиерот, Зафиров одговори.

-Па околу 50 до 60 луѓе, тоа беше некоја минимална бројка. Во зависност од траса и тоа каде се оди, што прави но бројката од 50,60 луѓе во секој момент имаше. Но луѓето тие не ги гледаат. Пример има претходница и која ја работи најголем дел од работата.

Но има и плус служби кои работат, во наше време беше тоа ДБК, ни даваат информации. Инаку во првиот круг на премиерот има по 4-5 луѓе.