Пензионери и млади се тепале рано наутро во радовишко

Во утринска тепачка во село во Радовишко, вчера се пресметале двајца млади жители на селото и двајца ветерани-пензионери, соопшти полицијата.

„На 10.08.2025 во ОВР Радовиш е пријавено дека околу 08:30 часот во с.Ракитец, радовишко, по претходна расправија, во двор од куќа бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Н.С. (30) и М.С. (27) од с.Ракитец од една страна и Д.И. (67) и Т.И. (69) од истото село, од друга страна. При тоа биле употребени и тврди предмети. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.