По Панче Тошковски, сега и премиерот Христијан Мицкоски се разболи – се огласија од Влада

0
220

Како што е познато пред неколку дена по пауза од пола месец во јавноста поради здравствени причини се врати првиот човек на МВР, Панче Тошковски.

Овојпат со проблеми со здравјето се соочува и Премиерот Христијан Мицкоски кој го откажа присуството и обраќањето на македонско-српскиот економски форум што денеска се одржува во Скопје.

Од Владата утрово соопштија дека неговото учество било планирано, но е откажано поради здравствени причини.

На настанот што се одвива денес во хотелот „Александар Палас“, ќе присуствуваат над 200 компании и најмалку 300 учесници. Целта на форумот е да се поттикне поинтензивна економска соработка меѓу Македонија и Србија, особено во клучните производни гранки.