Почина политичкиот аналитичар Агим Јонуз

По кратко и тешко боледување поладнево во Скопје почина политичкиот аналитичар – Агим Јонуз.

По неколку дневна хоспитализација и интензивно лекување во приватна болница во Скопје, Агим Јонуз за жал не успеа да ја добие најважната битка во својот живот.

Јонуз беше активен во политочкиот живот во Македонија и беше чест гостин во политичките дебатни емисии на телевизиите, како и колумнист на неколку медиумски продукции.

Роден и пораснат во скопски Чаир, Јонуз секогаш се залагаше за искрен соживот и реален просперитет на Македонија.

Погребот на Агим Јонуз ќе биде утре на гробиштата во Бутел.

Нашата редакција изразува искрено сочуство до семејството на Јонуз.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА