Според последните информации, досега животот го загубиле околу 47 лица, а над 115 се повредени. Швајцарските власти не ја исклучуваат можноста бројот на жртви да се зголеми.
Повредените се згрижени во локални болници, како и во здравствени установи во Милано, Париз и Штутгарт и други медицински центри….
Меѓу загинатите и повредените има и државјани од регионот. Причините за несреќата сè уште не се познати, а повеќе детали се очекуваат по завршувањето на истрагата.
Владата потврди дека по трагичниот пожар во барот „Le Constellation“ во швајцарскиот ски-центар Кран-Монтана има едно лице со македонско државјанство по кое сè уште се трага, но засега нема информации дали е меѓу повредените, хоспитализираните или настраданите. Портпаролката Марија Митева изјави дека Македонија е во контакт со швајцарските власти и кантоналната полиција и дека јавноста ќе биде информирана веднаш штом пристигнат официјални потврди.
Идентитетот на лицето не е соопштен официјално. Но на социјалните мрежи активно се бара по Стивен Ивановски, чие семејство вчера објави дека бил на забава во Кран-Монтана во барот каде што избувнал пожарот, сè уште не е пронајден.