„Рамбо“ од тетовско: Претепал доктор и полицаец во болница

0
193

Вистинска драма се одвивало во Ургентниот центар во Тетово каде што дошло до сериозен инцидент.

За истиот информираше денес Министерството за внатрешни работи (МВР) во својот Дневен билтен:

СВР Тетово поднесе кривична пријава против М.М.(29) од с.Челопек, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела: „спречување службено лице при вршење службено дејствие’’ и „напад врз службено лице при вршење работи од безбедноста“.

На 14.10.2025 во Ургентниот центар во Тетово, пријавениот физички нападнал лекар и полициски службеник додека извршувал службени дејствија.