Македонија доби само илјада влезници за своите навивачи на квалификацискиот натпревар Белгија – Мкаедонија во Гент, а истите веќе се распродадени.
Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) информираше дека сите билети наменети за македонските навивачи за квалификацискиот натпревар Белгија – Македонија (10 октомври) за пласман на Мундијалот 2026 се целосно распродадени.
„Во изминатите три недели на располагање беа ставени речиси 1.000 билети, кои беа понудени за продажба преку официјалната платформа на ФФМ и се целосно резервирани од нашите поддржувачи. Поради релативно малиот капацитет на стадионот во Гент, немаме можност за дополнителна количина на билети. Упатуваме голема благодарност на навивачите за интересот и поддршката која македонската репрезентација ќе ја има во Гент за мечот против Белгија“, соопшти ФФМ.
Натпреварот ќе се игра на стадионот „Артевелде“ во градот Гент, до лани познат како „Геламко Арена“. Капацитетот му е 20.185 гледачи, а тревникот е хибридна мешавина.