Сашка Цветковска, новинарката на ИРЛ се огласи на фејсбук каде напиша:
Првата награда за најдобра регионална истражувачка сторија во силна конкуренција од 9 држави ја доби тимот на Investigative Reporting Lab Macedonia за истражувањето “Службеничка од пошта ги штитела централите на ЕСМ од пепел, пеплосан државниот буџет”.
Токму ова е сторијата за која што на ИРЛ и се нудеше мито од 50 па, до 200,000 евра за да не биде објавена, плус и тендер во Град Скопје за што сега обвинетиот директор на ТЕЦ Неготино е на судење. Наградата на Европската Унија за најдобра истражувачка сторија ИРЛ ја добива по втор пат.
ИРЛ и МТВ за истражувачкиот филм за клиниката Жан Митрев “Нечиста крв” се и единствените добитници во регионот на престижното светско признание – прва награда на Global Shining Lights Award доделена во Гетеборг во 2023, а која што ја делевме со Би-Би-Си и која што, за контекст, има значење еднакво на Пулицеровата награда.
Тогаш само три медиума ка пренесоа веста – Слободен печат, Сакам да кажам и 360 степени, што многу кажува за контролираната медиумска индустрија, но и и човечката злоба и завист во фелата.
Сепак, ништо не е важно како Вас граѓаните, оти без вашата поддршка нема ни признанија, ни апсења ни мотив за нас да продолжиме да работиме.
Огромно браво за храбрите, прекрасни, умни и чесни колеги кои макотрпно работеа на терен Bojan Stojanovski и Maja Jovanovska, но и луѓето од позадината како Ivan Blazevski. Ве сакам
