На продолжението на судскиот процес за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, сите обвинети изјавија дека не се чувствуваат виновни за кривичните дела кои им се ставаат на товар.
На денешното рочиште, 34 физички и три правни лица повторија дека го разбираат обвинението, но не признаваат вина за трагедијата во која загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени.
Свое излагање денес имаше и Михајло Јованов, синот на Дејна Јованов Деко, газдат на Пулс и притоа кажа:
Се вклучувам кон воведниот говор на мојот бранител, сакам да изразам сочувство до сите кои се засегнати од пожарот. Јас го изгубив мојот најдобар другар и девојката со која бев цел живот
