Регулаторите на Европската комисија извршија рација во европското седиште на кинескиот онлајн трговец на мало „Тему“ во Даблин поради сомневања за субвенции од Пекинг што би можеле да ѝ дадат на компанијата неправедна предност на европскиот пазар.
Според извори на „Блумберг“ запознаени со случајот, рациите биле спроведени минатата недела, а „Тема“ сè уште не го коментирала инцидентот.
Европската комисија само потврди дека е спроведена ненајавена инспекција во согласност со Регулативата за странски субвенции (FSR), без да ја именува компанијата, објавува „Ајриш тајмс“.
FSR беше воведен за да се ограничи неправедната државна помош за компании надвор од Европската Унија и да се заштити еднаквата конкуренција.
Регулативата ѝ дозволува на Европската комисија да спроведува ненајавени инспекции и да проверува дали странските фирми добиваат субвенции што можат да го нарушат пазарот на ЕУ.
Рацијата доаѓа во време кога ЕУ планира да го укине царинското олеснување за пратки во вредност до 150 евра, што овозможи ниски цени на кинески платформи како што се „Тему“ и „Шејн“.
Тему нуди широк спектар на производи по многу ниски цени, под слоганот „купувај како милијардер“, а во Европската Унија има просек од околу 116 милиони месечни корисници.