Шкупи го освои првиот бод сезонава, Работнички тоне ли тоне

Нема веќе екипа во домашниот ПМФЛ шампионат, која што нема освоено барем еден бод. Тимот на Шкупи тоа денеска го стори во дуелот со Работнички, одигран во Струга поради суспензијата на стадионот на Чаир.

Конечниот резултат гласи 1:1, а реалноста е следна. Шкупи го одигра најдобриот натпревар сезонава, и според поголемиот дел од оние кои го следеа мечот заслужи да му се радува на овој бод.

Од друга страна пак, тимот на Работнички сериозни тоне на табелата, денеска ја имаше фаворитската улога, но тоа имаше смисол се до првиот свиреж на судијата. Од самиот почеток на мечот, Шкупи се бореше со сите сили, создаде шанси за гол, еднаш и ја погоди целта.

Се можеше да биде поинаку ако Работнички погодеше на стартот на мечот кога имаше иницијатива. Неколку неискористени ситуации, а потоа дојде шокот. Шкупи дојде до водство откако ударот од десната страна на Рибеиро, Јакимов погреши ја испушти топката, а Шуку налета на неа и реализираше за 1:0 во 25. минута.

По паузата Работнички тргна да израмнува, а Шкупи преку контра нападите сакаше да се закани. Трајков, Елези имаа шанси за гол пред Ермедин Адем на асистенција на Кадриу во 61. минута погоди за 1:1.

Ричков се обиде да врати, Јакимов се подобри во оваа ситуација. На спротивната страна најголемата шанса ја имаше Работнички на три минути до крајот кога Милај на два пати спасуваше од гол линијата, а Велкоски ја погоди и гредата. Сепак, Работнички не реализираше по втор пат, и остана да се задоволи само со бод. Истиот ги става „Романтичарите“ со скор од пет бода досега, додека Шкупи конечно се помрдна од „нулата“.