Скандал во Куманово: Натепано дете во училиште од родител на негов соученик

0
111

Во последно време билтените на МВР се полни со настани за напад на малолетни деца или тепачка помеѓу малолетни деца.

За жал и во денешното издание на Дневниот билтен на МВР е нотиран еден ваков немил настан

На 28.11.2025 во 20.10 часот во СВР Куманово Л.С.(48) од Куманово пријави дека на 27.11.2025 околу 07:30 часот пред училница во основно училиште во Куманово неговиот малолетен син бил физички нападнат од родител на негов соученик.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.