Во текот на вчерашниот ден во Охрид дошло до сообраќајна несреќа во која инволвирано е полициско возило и полицаец.
Од Министерството за внатрешни работи за настанот информираа:
На 07.12.2025 во 09:40 часот во СВР Охрид е пријавено дека на крстосницата од ул.„7 Ноември“ со ул.„Васил Главинов“ во Охрид се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пежо“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 44-годишната Л.Т. од с.Лескоец, охридско и патничко возило „шкода јети“, сопственост на МВР, управувано од полицискиот службеник Н.И.(26).
Во незгодата со телесни повреди се здобила Л.Т., констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Охрид.
