Татко му Кире загина храбро за Македонија, а денес негoвиот син е успешен спортист – Кристијан викендов блесна

0
603

Кире Костадиновски (Горно Оризари, Битолско, 6 декември 1976 – Вејце, Тетовско, 28 април 2001) бил македонски бранител, припадник на Посебната единица на СВР Битола при МВР, учесник во воениот конфликт во Македонија во 2001 година. Загинал во заседа на 28 април 2001 во масакрот кај Вејце.

Не дочека да ја види и да и се израдува на својата рожба. Во полициска униформа замина Кире од населбата Горно Оризари и од Битола, таму на Шар Планина, каде што беснееја терористичките банди. На 28 април 2001, во попладнедневните часови со групата бранители и Кире тргна на патот кон селата Вејце и Селце. Заседата беше стравична, масакрот и дивјаштвото кое можеби никаде и никогаш на светот и веков не се случило, беше кобната судбина на младоста македонска.

Во масакрот кај Вејце, Кире бил тешко ранет со проектили во пределот на градниот кош и стомакот. Бил запален додека бил сè уште жив, зашто во белите дробови му е најден јагленороден моноксид. Смртта кај Кире настанала како резултат на развивање на тешко шокова состојба предизвикана од дејствување на проектили во пределот на градниот кош и стомакот, како и поради изгореници и труење од јаглероден моноксид, што му е пронајден во белите дробови, од што се извлекува заклучок дека бил запален додека сè уште давал знаци на живот.

Кире Костадиновски посмртно е одликуван со медал за храброст од Претседателот на Р. Македонија.

Неговиот син Кристијан Костадиновски денес е успешен спортис, односно ракометар.

Тој настапува во дресот на Младост Богданци каде викендов одигра еден од најдобрите натпревари во сезоната. Со вкупно 20 интервенции, тој беше клучната фигура и вистински ѕид на голот, заслужено добивајќи аплаузи од сите присутни.

Костадиновски, син на нашиот херој-бранител Кире, уште еднаш покажа карактер, борбеност и храброст, вредности што ги носи од дома и ги пренесува на теренот.