Попладнево се рашири веста дека 28-годишниот Миле Тодоров од Неготино, кој беше пријавен за исчезнат во јануари годинава е пронајден починат.
Ова го сподели сестра на социјалната мрежа Фејсбук објави дека нејзиниот брат е пронајден починат.
„ЛЕТАЈ СО АНГЕЛИТЕ, МИЛО НАШЕ. Нашите срца ќе останат празни без твојот глас, љубов, добрина, насмевка… Болната е голема, но спомените за тебе ќе останат вечни во нашите срца. Почивај во мир и спокој.Погребот на Миле Тодоров ќе се одржи утре.
“ напиша таа.
Како што објавува Фокус, телото на Миле било пронајдено уште на 17 минатиот месец, но потребно било да се изврши идентификација и обдукција, поради непретпознатливост.
Како што неофицијално дознава ,,Фокус”, телото било пронајдено во неготинско, на место каде што немало често движење на луѓе. Исто така, првичните неофицијални информации не укажуваат дека смртта завршила како последица на кривично дело, но сепак проверките се уште траат.
