Тешка сообраќајна несреќа – четири лица итно пренесени во болница

Тешка сообраќајна несреќа.

Четири лица итно пренесени во болница.

На 15.04.2026 во 18:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Шабан Рамети“ во Скопје, Д.Д.(22) од Германија, управувајќи патничко возило „шкода“ со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и удрил во бетонска бандера.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила неговата сопатничка А.Ф.(63), додека со телесни повреди се здобиле другите сопатници Ј.И.(60), Х.С.(56) од с.Рашче, скопско и А.В.(56) од с.Долно Свиларе, скопско, констатирани во Градска општа болница „8 Септември“ Скопје.

Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.