Трагедија: Дури ден подоцна, денес при увид пронајдено машко опожарено тело по пожар на фабрика во Скопје

За жал од Министерството за внатрешни работи информираат за немил настан:

На 13.12.2025 во 21:29 часот во СВР Скопје е пријавено дека во круг на фабрика на подрачјето на Гази Баба во Скопје настанал пожар на два магацини, сопственост на М.Р.(46), кои ги изнајмил на други лица.

Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот е изгаснат. Денеска (14.12.2025), за време на вршење на увидот, во еден од објектите, кој под наем го користи М.А. од Скопје, пронајдено е опожарено тело на машко лице.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.