Уште едно стравично убиство ја потресе вечерва во Македонија откако беше објавено дека четириесет и двегодишниот тетовец кој синоќа беше пријавен за исчезнат од неговата сопруга, е пронајден мртов,
Телото е најдено во возило во атарот на село Нераште, а на едно од стаклата од возилото има дупка од испукан куршум.
Случајот во полиција го пријави неговата сопруга рано утринава во 02 часот. Според нејзиниот исказ, тој излегол од дома вчера околу 18 часот со возилот „ауди“ и не се јавувал на телефонските повици.
– Денес околу 16:15 часот во нива во атарот на село Нераште, полициски службеници од Полициско одделение Теарце забележале паркирано возило „Ауди Q5″ со тетовски регистерски таблици.
Внатре во возилото е забележано машко лице, кое не давало знаци на живот. На возачкото стакло имало отвор од испукан проектил и лицето во пределот на главата бил облеан во крв. Првичното сомневање е дека лицето било застрелано со огнено оружје, соопшти СВР Тетово.
По увидот е утврдено дека се работи за исчезнатиот А.Б. од Тетово.
