Веќе од 1 јануари – пристига голема поволност за сите пензионери и студенти во Македонија

0
474

Заменик министерот за економија и труд Марјан Ристески, на својот профил на „Фејсбук“ објави дека од 1. јануари ќе стапи на сила нов закон.

Со истиот ќе може работно да бидат ангажирани пензионерите, студентите и лицата во социјален ризик и притоа истите нема да ги изгубат стекнатите социјални и здравствени придобивки.

„Од 1 јануари стапува на сила Законот за работно ангажирање со кои се овозможува дополнитело да работат пензионерите, студентите и лицата во социјален ризик ќе можат формално да бидат работно ангажирани без да ги изгубат стекнатите социјални и здравствени придобивки!“, објави Ристески.

Оваа мерка и тоа како би и дошла добро на многумина од наведените категории како екстра приход.