(ВИДЕО) Драма во Скопје: Изгореа повеќе автомобили

Неколку автомобили биле зафатени од пожар спроти градскиот стадион во Скопје, во близина на Градскиот парк, предизвикувајќи вознемиреност кај граѓаните.

Според првичните информации, огнот избувнал на паркирани возила на просторот кај стариот полигон под Скопското Кале, по што пожарот брзо се проширил и зафатил повеќе автомобили. Дел од нив биле целосно уништени од пламените јазици.

На местото на настанот интервенирале противпожарни екипи кои успеале да го локализираат и изгаснат пожарот, спречувајќи негово понатамошно ширење кон околните објекти и други возила.

Засега нема информации за повредени лица, но причините за избувнувањето на пожарот сè уште не се познати и ќе се утврдуваат дополнително.

Надлежните служби вршат увид, а се очекуваат повеќе детали по завршување на истрагата. Инцидентот предизвика големо внимание на социјалните мрежи, каде се споделуваат снимки од огнената стихија.

Видеото е од Канал 5: