Денес на програмата се дел од фудбалските натпревари од Првата лига на Македонија, а особено внимание привлече мечот во Кавадарци.
Но, дуелот помеѓу домашниот Тиквеш и Башкими не е во центарот на вниманието поради некоја фудбалска убавина, туку по нешто друго.
Имено, некаде на средината од првото полувреме, додека еден од фудбалерите лежеше на теренот се појави куче.
Несаканиот гостин втрча на теренот, но истиот и брзо го напушти, па натпрееварот подолжи и немаше потреба за поголема пауза.
Очигледно стадионот во Кавадарци има пропусти во инфраструктурата, па тие дупки ги искористило ова животно. Инаку по првиот дел е 3-0 за домаќините, а видеото може да го проследите тука.