(ВИДЕО) Перо Антиќ со шокантно сведоштво – откри како изгубил 1.2 милион евра и поради кој

Еден од најдобрите кошаркари во историјата на Македонија, трикратниот шампион на Европа и првиот Македонец во НБА, а до неодамна и прв човек на македонската кошаркарска федерација имаше доста интересно интервју.

Антиќ беш гостин во најновата епизода на „Пресинг“ кој го подготува порталот Екипа.мк и говореше на повеќе теми.

Тој обелодени дека во периодот пред да стане претседател на КФСМ имал понуда од над еден милион евра од далечната Кина, но пресудно било едно седнување во кафеана – со долгогодишниот цимер Тоше Гечевски.

„Јас се борев жими мајка, со Тоше, јас во тоа време имав понуда од Кина од 1,2 милиони… Прашајте го Тоше Гечевски, зошто заедно со него во кафеаната „Чекмеџе“ на Ѓорѓи Чековски… море, ќе идеме ли против овие криминалциве да ја вратиме кошаркава…

Јас му викам – рака… кога ќе дадам рака и збор, нема шанси да го прекршам“, открива Перо Антиќ во изјавата која може да ја слушнете тука.