Од петок попладне следува стабилизирање на времето

До четврток ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд. Во текот на денешниот ден ќе има повремени врнежи од дожд кои се очекува да завршат во вечерните часови. Утре ќе има постепено стабилизирање на временската состојба. Времето ќе биде променливо облачно, со подолги сончеви периоди. Веќе од петок се очекува стабилизирање на времето и повисоки температури. Метеоролозите предвидуваат од петок попладне претежно стабилно и сончево време.

„И во текот на утрешниот ден ќе имаме услови за слаб локален дожд. Во четврток повторно ќе имаме променливо облачно време. Ќе биде нешто постабилно во однос на денешниот ден, но и четврток ќе имаме поројни врнежи од дожд, а на планините врнежи од снег. Од петок се очекува стабилизирање на временската состојба и пораст на дневната температура“, вели Елена Манојловски, временска прогноза на ТЕЛМА.

Центарот за управување со кризи алармира на внимателност поради најавените метеоролошки промени со дожд, ветер и снег. Возачите кои одат на планините потребно е да имаат полн резервоар гориво и да внимаваат на лизгавоста на патот.