Лука Јовиќ суспендиран на два натпревари

Напаѓачот на Милан, Лука Јовиќ, доби суспензија од два натпревари поради црвениот картон на мечот со Монца.

Јовиќ доби шанса од тренерот Стефано Пиоли да го почне натпреварот, но во 53-та минута направи глупав потег и беше исклучен поради неспортски потег.

Италијанската дисциплинска комисија одлучи да го суспендира Јовиќ на два меча, па ќе ги пропушти следните натпревари против Аталанта и Лацио.