Ристовски и Динамо против ПАОК во осминафиналето од Конференциската лига

По ждрепката за осминафиналето во Лигата на Европа, денеска во УЕФА се влечеа паровите и за оваа фаза во Конференциската лига.

Од добиените парови најинтересна се очекува да биде онаа помеѓу Ајакс и Астон Вила. Стефан Ристовски со Динамо Загреб ќе се соочи со ПАОК, ќе потсетиме хрватскиот тим не го регистрираше Аријан Адеми за настапите во Европа.

Првите наптревари се закажани за 7-ми март, додека реваншите се седум дена подоцна.

КОНФЕРЕНЦИСКА ЛИГА – ОСМИНАФИНАЛЕ

Сервет-Плзен

Ајакс-Астон Вила

Молде-Бриж

Унион Сант Жилоаз-Фенербахче

Динамо Загреб-ПАОК

Штурм-Лил

Макаби Хаифа-Фиорентина

Олимпијакос-Макаби Тел Авив