Не добија пратенички места од СДСМ, па ќе одат во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ: Стојанче, Љубе, Павле – таму се и Богојевски и Шехтански

Како се ближат крајните рокови за поднесување на пратеничкте листи така се засилуваат превирањата, поделбите и политичките комбинаторики кај партиите.

Најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ објави дека седум партии, од кои дел досегашни коалициони партнери на СДСМ, донеле одлука и преминуваат во предизборна коалиција со нив а за уште една пратија за која засега не сакаат да го откриваат името се чека деновиве да донесе финална одлука.

Партиите со кои ќе се проширува опозициската коалиција се Социјалдемократска унија, Обединета партија за целосна емаципација на Ромите, Македонски концепт на Петар Богојески, Обединети за Македонија на Љубе Бошковски, ТМРО, Достоинство на Стојанче Ангелов и Демократски сојуз на Павле Трајанов.

Тој на прес-конферецнија денеска кажа дека преговорите се во финална фаза, а причините за коалицијата се состојбите во државата и блискоста со програмските цели.

Стојанче Ангелов став околу промената на коалицискиот партнер најави за утре на пладне за кога негоават партија Достоинство има закажано прес конференција, додека од Македонски концпет највија заедничкото соопштение со ВМРО-ДПМНЕ.