Трамп сака новиот стадион во Вашингтон да го носи неговото име

0
53

Телевизискиот канал SPORTS ESPN објави дека американскиот претседател Доналд Трамп сака новиот стадион на НФЛ тимот Вашингтон Командерс да биде именуван по него.

„Висок извор од Белата куќа“ изјави за ESPN дека претседателот ја изразил својата желба до групата сопственици на клубот предводена од Џош Харис.

„Претседателот го сака тоа и веројатно ќе се случи“, вели изворот.

Портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, ја потврди информацијата. „Би било прекрасно ако го носи неговото име бидејќи токму претседателот Трамп ја овозможи изградбата на новиот стадион“, рече таа.

Стадион вреден 3,7 милијарди долари

Планираниот стадион со купола, проценет на 3,7 милијарди долари, ќе биде изграден во Вашингтон на местото на поранешниот стадион RFK, дом на тогашните Вашингтон Редскинс од 1961 до 1996 година.

Планирано е стадионот со 65 илјади седишта да биде отворен во 2030 година.