Турскиот пилот кој загина во Хрватска помагал на Македонија кога и беше најтешко

0
249

Како што е познато вчера во Хрватска се урна авион „Ер Трактор“ во близина на Сењ, додека сообраќал на повратен лет помеѓу Риека и Загреб, соопшти Дирекцијата за цивилна заштита.

Во несреќата загинал 45-годишниот пилот Хасан Бахар. Тој е пилот кој на 29 август оваа година преживеал пад на противпожарен авион во округот Јатаган во Мугла, во северозападна Турција, пренесува Индекс.

Дирекцијата на Чешка добила известување за исчезнување на авионот од радарот од контролата за летање во Хрватска во 16:53 часот, а во 17:11 часот пристигнал извештај за падот и пожарот.

45-годишниот пилот, Хасан Бахар, загина. Тој е истиот пилот кој го преживеа падот на противпожарниот авион во округот Јатаган во Мугла, во северозападна Турција, на 29 август оваа година.

Прочитај.мк успеа да дојде до податок кој вели дека Бахар минатото лето, 2024 година бил во Македонија кога нашата држава ја зафатија големи пожари.

Тогаш Турција испрати два Ер Трактори и еден хеликоптер со посади, а меѓу пилотите бил токму у Бахар.