Сузана Гавазова преку социјалните мрежи самио што се огласи и порача:
Здраво на сите.Чувствував потреба да ви се обратам и искрено да ви се заблагодарам на сите што ми испративте пораки со пофални зборови,а јас од срце ви благодарам за сите топли и искрени зборови. Вашата поддршка навистина многу ми значи, особено сега, кога поминувам низ тежок период.
Лајфот со Боки ми донесе многу немир, па затоа се чувствувам болно и многу тажно. Тој лајф беше замислен исклучиво како забава – да ве насмееме и да се дружиме на еден природен и опуштен начин.
Од мое име се извинувам до сите колеги и драги соработници кои беа навредени или опсувани. Искрено, не знам дали Боки ќе се извини, па затоа почувствував дека јас морам да го сторам тоа.
Што се однесува до Ритко – сè беше чиста шега.Целта беше само да ве забавуваме, и ништо повеќе.
