Обилните дождови доведоа до апокалиптични сцени во близина на Врање, каде што девет лица, меѓу кои пет деца, беа евакуирани од четири куќи.
Четири пожарникари-спасувачи со две возила и пумпа, како и двајца членови на Екипата за спасување и водоснабдување, опремени со чамец, беа испратени на интервенција.
Во местото Павловац во близина на Врање, спасувачката интервенција поради поплави беше успешно завршена вечерва.
Пет деца и четири возрасни лица беа евакуирани од четири семејни куќи, чии дворови беа под вода на висина од околу 70-80 сантиметри.
Од безбедносни причини, Електродистрибуција ја исклучи електричната енергија
Како изгледаше спасувачката акција може да погледнете тука.
