Сопругата на Андреј од ДНК се огласи по денешното прво судење – имаше гласна и јасна порака

0
1221

Наталија Ѓоргиеска, сопруга на трагично загинатиот член на бендот „ДНК“ – Андреј Ѓоргиески преку Инстаграм се огласи до јавноста по денешното прво судење и притоа кажа:

-Почитувани медиуми. Јавно апелирам до сите вас, кои верувам дека внимателно го следите судењето за случајот „Пулс“, да се воздржите од ширење неточни и извртувачки информации.

Секоја неточна пренесена изјва или тенденциозно оформена статија предизвикува директна болка кај нас- семејствата што ги живееме ова секој ден, како и кај нашите деца.

Со последниот марш во Скопје упативме јасна порака до целото општество, вклучувајќи ве и вас: во оваа борба мора да бидеме обедините, со цел почит кон вистината.

Верувам дека вашата улога е клучна и дека заедно можеме да придонесеме за правичен процес, транспарентно известување и подиграње на јавната свест.

Со надеж дека емпатијата, професионалноста и човечноста ќе останат водилка во секое ваше следно известување. Со почит