Соседна Бугарија донираше ново комбе, вредно 60.000 евра на познатиот македонски спортски клуб

0
330

Односите помеѓу Македонија и Бугарија на сите ни се добро познати, но нашиот источен сосед одново покажа голем потег.

Имено познатио боречки клуб Олимпија од Штип доби вредна донација од бугарската амбасада во Скопје. Станува збор за транспортно возило, комбе во вредност од 60.000 евра кое клубот ќе може да го користи за своите потреби.

За штипскиот клуб ова е вредна донација кој сега ќе има свое транспортно возило кое ќе може да го користи со цел олеснување во функционирањето на клубот во иднина.

Боречкиот клуб Олимпија бележи значајни резултати, како на домашната така и на меѓународната сцена, а оваа донација од бугарската амбасада ќе им помогне во развојот на клубот. Од штипскиот клуб се заблагодарија до бугарската амбасада за оваа голема донација.