Траорните сведоштва за трагедијата во Кочанската трагедија Пулс не престануваат. Некои родители дури сега собираат храброст јавно да проговорат на оваа тема и за нивните загуби.
Во последната емисијата Стадион на Канал 77 насловено како „Кочани, хроника на една најавена трагедија“ гостуваат повеќе родители на настраданите во катастрофалниот пожар во дискотеката „Пулс“.
Меѓу нив и еден од петтемина штипјани загинати во пожарот е 19-годишниот Дамјан Танески, за чии последни часови се сеќава неговата мајка, Наташа Танеска:
„Се спремавме за роденден, за матурска. Две недели претходно купивме одело за матурска. Еуфорија. Меѓутоа, тој ден сето тоа се уништи. Костумот наместо за матурска го облековме за погреб.
Имаше многу желби, многу особено последните две недели стално зборуваше „ова ќе правам“, „тоа ќе правам“. Го влечеше киропрактика, сакаше да продолжи со тоа, учеше медицина, физиотерапевт. Сакаше и да работи, вреден, сите претходно ми велеа „немаш поим какво скромно дете имаш“.
Целата емисија на Канал 77 може да ја проследите тука.
