Во текот на вчерашниот ден се случила сообраќајна несреќа во која е инволвиран и автобус.
За настанот информираше МВР во својот Дневен билте, а притоа се вели:
На 21.11.2025 во 11:20 часот во ОВР Струга е пријавено дека на регионалниот пат Струга- Дебар, во близина на Струга, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со струшки регистарски ознаки, управувано од К.Ќ.(70) од селото Велешта, струшко и автобус „мерцедес“ со струшки регистарски ознаки, управуван од Н.Ф.(42) од селото Лабуништа, струшко.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од автобусот Ф.А.(58) од Лабуништа, констатирани во Медицинскиот центар Струга.
По наредба на јавен обвинител, извршен е увид од увидна екипа на ОВР Струга.
