Адвокатот Јанаки Митровски вечерва се огласи на фејсбук каде напиша:
Брза и ефикасна постапка и задоволување на правдата подразбира и право на одбрана.
Сатанизирње на бранителите од предметот Пулс, нивно чекање на паркинг и колнење е недозволив притисок на одбраната и сигурно не води кон фер процес. Во спротивно дајте да ги линчуваме обвинетите и да “завршиме” работа!
Секој нормален сочуствува со семејствата, но јавноста и семејствата треба да знаат дека во кривични предмети адвокатот смее да одбие застапување само во исклучителни ситуации како болест.
Адвокатурата е Уставна категорија, а одбраната е светост во секоја кривична постапка. Во поширок контекст ваквиот пристап и притисок кон одбраната утре може да претставува проблем и пред Стразбур. Јавен линч и судот на јавноста не е суд. Затоа судот е ДОЛЖЕН да обезбеди ред а не да се дозволуваат вакви притисоци.
И не, не сум бранител во предметот, реагирам принципиелно!
