Пејачката Марија Груевска поминала низ многу тежок период, откако ѝ била дијагностицирана нефункционална вена, која морала итно да се отстрани.
Како што дознава Гранд, поранешната учесничка на „Ѕвезда Гранд“ била оперирана во Германија, каде што процедурата била успешно извршена.
Марија ја потврди информацијата за порталот и откри како се чувствува по операцијата.
– Точно така, се оперирав. Ми ги извадија вените, една главна и неколку помали. Главната вена беше нефункционална, не пумпаше крв и не можеше да остане така, па мораа да ја отстранат. Имам 18 реза, но заврши – изјави Марија за Гранд.
Пејачката додава дека престојот во болница ѝ бил олеснет од пријатно изненадување, поголемиот дел од медицинскиот персонал бил од Србија.
– Целиот тим, освен главниот лекар, беа Срби. Сите ја следат „Ѕвезде Гранда“, па се смеевме заедно и завршивме со неколку песни по операцијата – истакна пејачката.
На крајот, таа рече дека сега се чувствува многу подобро.
– Фала му на Бога, подобро сум. Добро е што има лек и начин да се излечи оваа состојба.
