Авионот на полската компанија ЛОТ излета од пистата денес по слетувањето на аеродромот во литванската престолнина Вилнус, но според првичните информации, никој од патниците не е повреден, објавија локалните медиуми.
Авионот Embraer E170STD полета за Вилнус од Меѓународниот аеродром Шопен, објави ЛРТ.
– Авионот на компанијата ЛОТ што пристигна од Варшава се лизна од пистата додека се движеше кон зградата на аеродромот – изјави службеникот на Литванската аеродромска управа, Тадас Василијаускас.
На снимката од веб-страницата „Flytradar24“ можете да го видите авионот сместен на северната страна од аеродромот Вилнус, опкружен со неколку сервисни возила, вклучувајќи и противпожарен камион.
Како што објави Литванската аеродромска управа, патниците веќе го напуштиле авионот, а никој не е повреден за време на инцидентот.
Пистата на аеродромот во литванската престолнина ќе остане привремено затворена најмалку до 17:00 часот, а авионите се пренасочени кон други аеродроми, објави литванската јавна служба. Видеото може да се погледне тука.
Инаку оваа авио компанија има летови и до Скопје.
